Штета на гасоводот Северен тек 1 и 2 – сомневање за саботажа

Сеизмограф на данскиот остров Борнхолм денес двапати забележа одрони, во денот кога се случи штета на гасоводот Северен тек 1 и 2, според германскиот геолошки истражувачки центар ГФЗ.

Сеизмографот забележал речиси тишина до 2 часот по локално време, кога се појавил скок кој бил потрес во земјата.

Европските политичари и експерти за безбедност сугерираат дека прекинот на гасоводот во близина на Борнхолм можел да биде предизвикан од саботажа.

ГФЗ не прецизираше дали пријавените потреси можат да бидат резултат на експлозија.

Шведскиот национален радиодифузер СВТ, исто така, објави денеска дека сеизмолозите регистрирале експлозии во близина на гасоводот Северен тек во последните 36 часа.

Според извештајот на СВТ, мерните станици и во Шведска и во Данска регистрирале моќни подводни експлозии во истата област со истекувањето на гасот во понеделникот.

“Нема сомневање дека ова се експлозии”, рече предавачот по сеизмологија Бјорн Лунд.

Данската премиерка Мета Фредериксен претходно денеска изјави дека не ја исклучува можноста штетата на гасоводот Северен тек 1 и Северниот тек 2 да е резултат на саботажа.

Германски безбедносен претставник, кој зборува под услов на анонимност, бидејќи сé уште истражува како се случила штетата на гасоводот Северен тек 1 и Северниот тек 2, исто така рече дека земјата се сомнева дека тоа е резултат на саботажа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така, не ја отфрли можноста штетата на гасоводот Северен тек 1 и Северен тек 2 да е резултат на саботажа.

Северен тек АГ, операторот на гасната мрежа, претходно денеска изјави дека три крајбрежни линии на гасоводниот систем Северен тек претрпеле “невидена” штета за само еден ден.

извор: РТС

фото: РТС