Пејачката Северина една ноќ во родниот Сплит стана модел и една од сопругите на царот Диоклецијан. Тоа беше парче од модната ревија која ја приреди нејзината голема пријателка Матија Вуица.
Во рамки на манифестацијата „Приказна за Диоклецијан“ во организација на Туристичката организација на градот Сплит, во „Перистил“ се одржа ревијата „Диоклецијан и неговите сопруги“ на која беа претставени фустани од новата модна колекција на Матија Вуица.
Визијата на дизајнерот ги спои римските божици, историските кралици и бајковитите антички убавици, меѓу кои главната улога ја имаше Северина. Во кралско сина креација, со круна на главата, музичарката се прошета по „пистата“ во срцето на Сплит.
Возбудената дизајнерка неколку дена пред спектаклот покажа како течат опсежните подготовки, но ниту еден момент не откри дека Северина ќе учествува во „Приказните за Диоклецијан“.
story.hr