ВМРО ДПМНЕ: Скандал – Директорот на ЈСП со закани за физичка пресметка на советникот Јаневски од партијата „Глас за Македонија“

По завршувањето на денешната седница, в.д. директорот на ЈСП Скопје лично ми се закани дека физички ќе се пресмета со мене!
Критиките кои ги упатив за неговото неработење, непочитување на одлуките на Советот на Град Скопје како и самоволието на директорот, беа причина тој да ми упати закани во неколку наврати!
Како млад политичар со интегритет, кој секогаш ги брани интересите на граѓаните, никогаш нема да потклекнам на притисоци и закани од било кој поединец или група и ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните на Град Скопје, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: Архива