Бајден прогласи вонредна ситуација во Јужна Каролина

0
242

Претседателот на САД денеска прогласи вонредна ситуација во Јужна Каролина, неколку часови пред плиближувањето на ураган Иан до Чарлстон, што се очекува во попладневнитее часови по локално време.

Од Белата куќа изјавија дека ќе распоредат федерална помош како дополнение на одговорот на локалните напори.

Националниот центар за урагани предупреди за „животно опасни поплави, наплив од бура и силни ветришта“ во Јужна и Северна Каролина.

По разурнувачките неколку денови на ураганот, властите во Флорида во меѓувреме ги санираат нанесените штети од невремето посебно во западниот дел на Флоирида.

 

novamakedonija.mk