Убиена 23 годишна Тиктокерка на протестите во Иран

Таа не зборувала отворено за правата на жените, но често споделувала моменти од својот живот на социјалните мрежи.

Наџафи (23) не била активист, но сепак го загубила животот во родниот град на протест за правото да живее и да се облекува како што сака. Нејзината смрт дополнително го зголеми гневот на Иранките кои се соочуваат со строгите правила на таканаречената морална полиција.

23-годишната девојка, порасната во ерата на интернетот и социјалните мрежи и е дел од генерацијата која е поврзана со остатокот од светот на начин каков што беше незамислив за нејзините родители.

Страствен корисник на TikTok и Instagram, Наџафи сакала да ги споделува своите животни случувања со нејзините следбеници на социјалните мрежи. Таа не зборувала отворено за правата на жените. Но, порано објавувала видеа на кои танцува во собата додека слуша музика.

Работела како касиерка во ресторан и сакала да објавува фотографии од нејзиниот моден избор на Инстаграм. Некогаш носела хиџаб на главата, но потоа се фотографирала на безбедно во својот дом или на други приватни места.

Хиџабот е задолжителен во јавност за сите жени во Иран, без разлика на вера или националност.

Но, откако Махса Амини (22) почина во полициски притвор на 16 септември, протести избија низ целата земја. Амини била приведена бидејќи не го носела правилно хиџабот.

Блиска пријателка ја опишала Наџафи како „секогаш среќна и полна со енергија“.

Нејзината пријателка раскажала дека иранската полиција пукала во неа неколку пати, а кога семејството отишло во болница не ѝ дозволиле да ја види.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HADIS NAJAFI (@hadisnajafi78)

kanal5.com