Млад уметник од Скопје прави скулптури од старо железо: Уметноста може да ја спаси природата

0
271

„Уметноста ќе го спаси светот“, за некого можат да бидат само празни зборови кои веќе одамна се претвориле во клише фраза, а за човекот за кого уметноста претставува начин на живот, тие се патоказ кој низ годините го следи и творејќи се обидува да докаже дека уметноста навистина ја има таа моќ.

Taков е младиот уметник од Скопје, Озбек Ајваз (23), кој, изработувајќи скулптури од железо создава дела во кои се испреплетуваат имагинацијата и уметноста, а при нивна изработка воедно го намалува отпадот кој ја загадува животната средина, давајќи му шанса на железото да постои во нов облик.

Ајваз, заедно со тимот на Агенција Анадолија (АА) замина во потрага по старо железо, потребно за изработка на неговите скулптури, притоа раскажувајќи како започнала неговата приказна.

„Последниве четири-пет години најчесто користам метал, отпадно старо железо. Дали го спасувам светот со моите скулптури? Да, затоа што рециклирам и ја чистам околината од топење на железото и правење нови плочи од фабриките, а со рециклирање се појавува и уметничкото дело“, вели Ајваз.

Ајваз, техниките на изработка на скулптури од железо ги усовршува во текот на своето школување во областа на уметноста, а крајот на студиите го одбележува со изработка на скулптура во надреална висина, преку која раскажува дел од својот живот.

„’Македонското срце чука во 7/8‘, ми останало тоа во памет. Бидејќи јас учев четири години во Средното уметничко училиште, насока Вајарство, потоа студирав четири години факултет, тоа се осум и некако се спои темата 7/8 со осум. Плус тешко беше да се стигне, да се заврши факултетот, бодлив беше патот… И така се одлучив да го прикажам „Тешкото“, со шест играорци, тапанџија и зурлаџија“, вели Ајваз.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА)

фото: Агенција Анадолија (АА)