Бројни негативни критики за новиот филм за Мерлин Монро

Првите негативни реакции кај публиката беа за експлицитна сцена во која холивудската дива е брутално силувана од американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. Тоа вознемири дел од гледачите кои сметаат дека таа сцена е мачна и непотребна.

Писателката Џојс Керол Оутс ја прикажа славната актерка во измислена приказна на начин кој на многумина не им се допадна.

Во филмот има неколку навистина одвратни сцени со силување, многу гледачи тврдат дека мислат дека режисерот всушност сакал да сними порнографско дело со покојната актерка. Филмот не се препорачува за луѓе помлади од 17 години.

Иако сите ја фалат актерката Ана де Армас, која го отелотвори ликот на фаталната русокоса, мнозинството обожаватели на Мерлин Монро го нападнаа режисерот Ендру Доминик, кој јавно призна дека единствениот добар филм за починатата актерка е „Некои го сакаат тоа жешко “ и дека во филмот „Како се омажи за милионер“ сите жени се добро облечени ку*ви.

„Гледав 20 минути од овој филм и веднаш морав да ги проверам социјалните мрежи за да видам дали пропуштив нешто и дали другите луѓе се згрозени“, „Се обидов да го гледам Blonde, но не можев да издржам повеќе од 20 минути, навистина беше сурово и ми го скрши срцето“, „Ана де Армас е одлична, но мажите се толку сурови“, „Blonde ја исмејува Мерлин Монро. Таа не беше само секс објект. Не го гледајте“, „Филмот е толку лош што ни солидната Ана де Армас не можеше да го спаси“, се само дел од новиот бран коментари на социјалните мрежи.

Режисерот Доминик претходно го коментираше контроверзниот филм.

„Тоа е филм кој бара многу. Ако на публиката не ѝ се допаѓа, тоа е проблем на публиката.“

 

 

kajgana.com