Попладнево низ Охридската чаршија и бутици се шеташе поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, или пак станува збор за човек кој неверојатно личи на него?
Инаку Рашковски кој е обвинет за случајот со набавки поврзани со софтвери и исплата на хонорари беше приведен во април 2021 год. Веќе во февруари 2022 му беше укинат куќен притвор.
Според Обвинителството, случајот со Рашковски се однесува на активности околу два софтвера: едниот за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци и еден за биометриска идентификација. Во предметот се опфатени четири набавки – на систем за биометриска идентификација, на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, на камери за препознавање регистарски таблички за возила, на метални кабини за биометриска идентификација, и на систем за автоматско препознавање на регистарски таблички. Според Обвинителството, Рашковски давал насоки за изготвување на документацијата со цел тендерите да се однесуваат на конкретен патент и лично комуницирал со учесниците во набавката. Со обвинението се опфатени и склучени авторски договори со две лица, на кои им исплаќал месечни хонорари, а тие дел од парите потоа му ги враќале во кеш.
извор: NEWS1.mk
фото: NEWS1.mk