Денеска (30.03.2023) околу 02.10 часот на Регионалниот пат 1102, кај клучка Градско, полициски службеници од Полициска канцеларија Градско дале знак за запирање на две возила „бмв“ со кавадаречки регистерски ознаки, но тие не ја испочитувале наредбата и продолжиле со движење на возилата.
Набргу, по преземени мерки од страна на полициските службеници, биле лишени од слобода С.Ѓ.(23) од Кавадарци и Р.С.(22) од село Бојанчиште, кавадаречко, кои ги управувале возилата, а нешто подоцна, околу 03.10 часот при проверка на теренот биле пронајдени 5 лица мигранти од Конго.
Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: Архива