Мијалков нема да одговара во „Титаник 2“, делото законски ќе застари на 7 април

0
118

Случајот „Титанк 2“ за поранешниот екс директор на тајната полиција, Сашо Мијалков, веќе е минато бидејќи денеска пропадна последната шанса Апелациониот суд да донесе одлука пред неговото дело законски да застари на 7 април, објави mk.voanews.com.

Денешната јавна седница во Апелација се одложиу бидејќи освен Мијалков и поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими не се појави никој друг од странките – лидерот на ДПА, Мехдух тачи и поранешните членови нас Државната изборна комисија (ДИК), Срцев, Стефанова и Сајкоски па судијата Ѓорги Ристов единствено му преостана да ја презакаже седницата за 13 април, датум кога делото на Мијалков веќе е застарено.

Судијата Ристов кажа дека од документацијата може да се заклучи дека странките не биле уредно поканети а во контакст на тоа беше и изјавата на Ибраими кој кажа дека дошол бидејќи донзал за седницата иако не бил повикан.

Случајот „Титаник 2“ се однесува на изборни нерегуларности од 2013 година. Мијалков во договор со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, успеа да ги поништи резултатите од изборите на неколку избирачки места во Струмица а со тоа и победата на тогаш опозициската СДСМ, благодарение на гласовите на членовите на ВМРО – ДПМНЕ и ДПА во ДИК.

Судскиот процес почна во 2017 година и во 2019 финишираше со осудителни пресуди. Мијалков доби казна затвор во траење од три години за делото „примање наградата за противзаконито влијание“. Апелација, во декември 2019 година, ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење кое траше до јануари годинава кога Мијалоков повторно беше прогласен за виновен и осуден овој пат на две години казна затвор. Пресудата повторно беше обжалена и потона со законските рокови.

Текстот во целост на: mk.voanews.com