Џафери: Не чувствувам потреба да се извинам!

0
317

Не смета дека треба да им се извини, зборовите кои кажа смета дека не се пцовки, а дали постапил правилно, вели дека јавноста сама треба да оцени. По две недели молк, не сакаше да даде изјава пред камерите, но на брифинг со новинарите Џафери ја посочи вината во самите службеници, кои според него, во работните часови се шетале низ центарот на Скопје и не си ја извршувале доследно работата. На седницата кога ги караше, вели дека вработените направиле грешка во материјалите, а тој го увидел тоа.

-Не сметам дека сум прекршил нешто, јавноста нека цени. Не чувствувам одговорност да се извинам. Јас сум претседател на Собранието и со Деловник е пропишана мојата надлежност. Треба да создадам предуслови и услови за работа. И ако некој мисли дека службата треба на ул. Македонија да ја помине службата, претпоставувам дека граѓаните не сакаат таква служба. Ако не увидев на таква грешка (на службениците), можеше да доведе во ситуација да не може да се поврати седницата. Доколку се оди до крај, за таква грешка се оди дома. -Талат Џафери претседател на Собрание.

 

Kanal5