Нова хунта изврши државен удар во Буркина Фасо, прогласи нов лидер

Воената хунта на Буркина Фасо го потврди вториот државен удар преку националната телевизија доцна синоќа, со кој е соборен сега веќе претходниот лидер кој беше на власт од јануари, јавува Агенција Анадолија (АА).

Офицер на армијата прочита изјава со која се објави соборувањето на полковникот Пол-Анри Дамиба, воениот претседател на транзицијата, и го претстави капетанот Ибрахим Траоре како негов наследник.

Новата хунта соопшти и суспензија на Уставот, распуштање на државните институции и затворање на границите до дополнително известување.

„Сите политички активности, сите активности на граѓанското општество се суспендирани, ќе бидат свикани активните сили на земјата“, рекоа водачите на државниот удар.

Армијата воведе полициски час низ целата држава од 21 часот до 5 часот по локално време.

Соопштението дојде неколку часа по јавувањата за пукање околу претседателството и воениот камп во Уагадугу, главниот град на земјата.

Дамиба ја презеде власта во јануари од Рох Марк Каборе, обвинувајќи го за неуспехот да ја спаси земјата од канџите на тероризмот.

Населението одржуваше демонстрации барајќи негово заминување од истите причини што го поттикнаа актуелниот пуч.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).