Aлбанец фатен со 90 кг охридска пастрмка

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово, на магистралниот пат Ќафасан-Струга, кај место викано Шумска колиба, денеска приведен е E.С (27) од Албанија, соопштија од МВР.

При извршена контрола во патничко возило „фолксваген пасат “, со албански национални ознаки, биле пронајдени 91,3 килограми риба, поточно 119 парчиња охридска пастрмка, кои биле предмет на недозволена трговија од Албанија кон Македонија.

Е.С. е приведен во Полициската станица за граничен надзор Франгово и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

republika.mk