(ВИДЕО) Голема лавина уништи алпинистички камп на Хималаите

0
260

Водачот на експедицијата Таши Шерпа бил меѓу оние кои се обиделе да се искачат на планината Манаслу на непалските Хималаи, која со 8.163 метри се смета за осма највисока планина во светот.

Во тој процес, тој успеал да сними трагедија – огромна лавина која го затрупа нивниот базен камп.

Според Таша Шерпа, еден од водачите на експедициите на планината Манаслу, лавината, за среќа, не однела животи, но уништила повеќе од триесетина шатори поставени во базниот камп.

Некои експедициски компании по лавината ги откажале понатамошните искачувања на планината оваа сезона.

Инцидентот се случил само една недела по слична несреќа на 26 септември, во која загинаа две лица, а десетици беа повредени, соопшти Министерството за туризам на Непал.

Времето во текот на годинашната сезона на овие простори инаку не е најповолно за алпинистите. Министерството за туризам издаде повеќе од 400 дозволи за искачување на оваа планина годинава, според India Today.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TASHI-LAKPA-SHERPA (@tashi8848.86)

kanal5.com