ПАРИ: Листа на топ 10 извршители кои се со најголема заработка

0
507

Порталот „Пари“, ексклузивно дојде до листата на ТОП 10 најуспешни извршители во Македонија за 2021 година. Жените извршителки и мажите извршители подеднакво застапени на листата ТОП 10, која ја предводи извршителката Катерина Кокина од Скопје, а завршува со Славица Ацовска, извршителка од Тетово. Кокина успеала за една година, односно во текот на 2021 година, да направи одлична добивка од речиси 130.000 евра.

Лидерот на листата, Кокина, своевремено била најмлад извршител, именувана на 29 години, и како извршител работи 11 години. Иако е една од помладите извршители, таа успеала во 2021 да сработи најдобри резултати.

Регион: Од каде делуваат ТОП 10 извршителите?

Извршител Николина Иванова и Николче Диневски се со канцеларии во Битола, Извршителот Премтим Ќерими е со канцеларија во Куманово, додека Весна Деловска, Гордан Станковиќ, Зоран Димов и Катерина Кокина се во скопскиот регион. Извршител Дашмир Саити и Славица Ацовска се со канцеларии во Тетово, додека Извршител Гордана Џутеска е во струшко-охридскиот регион.

pari.com.mk