За само еден ден 281 евро, во последниве седум 2.819 евра, во последниот месец 9.950 евра, во последниве три месеци пак 20.408. Од 14-ти октомври 2020-ра, кога била официјално отворена фан страната на Димитар Ковачевски на Фејсбук, за спонзорирани објави потрошени се вкупно 47.001 евро, објави Алфа.
Гломазната ПР и продукциска машинерија на СДСМ и власта очигледно не штеди пари во обид да го крене рејтингот на својот шеф, кој според истражувањата на јавното мислење е во слободен пад. Па само за рекламирање на социјалните мрежи потрошени се неверојатни речиси 50.000 евра, ова го покажуваат јавно достапните информации на Фејсбук.
Парите за социјалните мрежи не се единствениот начин на кој Ковачевски се обидува да промовира. На помош ги ангажира и другите партиски членови, да се смеат пред камери. Па така пред само четири дена можевме да видиме како премиерот самиот себе и околу 50-тина други членови на раководството на партија ги облече во црвени елечиња, да најави дека ќе почнеле теренски активности и директна комуникација со граѓаните.
Инаку, според неофицијални информации на Алфа, владиниот ПР му го прави маркетинг компанија од Израел, чија цел е да помогне во кревањето на рејтингот на власта.
Текстот во целост на: Алфа.