Шумите ќе се сечат по брза постапка и без одобрение, а концесија за рудници ќе се добива само со Одлука на Влада за седум дена.
Ова е дел од криминалниот план на СДС и ДУИ со кој во понеделник по скратена постапка Собранието треба да изгласа измена на 9 закони за да може новото милениче на Таче и Џафери, Бехтел и Енка непречено да ја експлоатира Македонија при изградбата на Коридорот 8 и 10.
Меѓу деветте закони предложени за измена се и Законот за шуми и Законот за минерални суровини. За трајна пренамена на шумите, според сега постоечкиот закон потребни се низа документи, елаборати и потврди.
Со новиот закон, на американско-турскиот конзорциум Бехтел-Енка ќе им се овозможи да прават пренамена на шумите и шумското земјиште без никаков документ, дозвола или одобрение од било кој државен орган!
Со тоа, Бехтел-Енка ќе може да прават сѐ што им одговара, без притоа да дадат било какво образложение за своите дејствија.
Со Законот за минерални суровини, ќе им се овозможи да добијат концесија за експлоатација и тоа само со одлука на Владата во рок од 7 дена.
И покрај тоа што ja добија изградбата без тендер, им се овозможува дополнително да искористуваат ресурси без надоместок што е незамисливо во услови на економска криза.
Зелениот сектор на Левица отворено и силно се спротивставува на вакви предлог закони предложени од СДС и ДУИ бидејќи се коруптивни, го штитат само крупниот капитал и се спротивни на регуларната експлотација на македонските шуми и минерални суровини.
Левица- Зелен сектор