(ФОТО) Северина во смела есенска комбинација

Северина Вучковиќ е можеби една од најстилските жени на Балканот. Нејзините комбинации секогаш привлекуваат внимание, како екстравагантните за настапи и специјални пригоди, така и секојдневните што може да ги носи секој од нас.

Пејачката за посета на галерија избрала совршената есенска комбинација за која сите имаат пофални зборови.

Северина се појави во специфично есенско здолниште со шлиц на страна, додека неговиот кариран дезен потсетува на јакните кои сите ги имаме. Пејачката го усогласи со бела класична кошула со пуфкасти ракави, над која облече елек во комбинација од беж и сини нијанси.

Уште еден впечатлив детал е изборот на обувки. Севе се одлучи за бела боја и модел кој по форма наликува на балетанки, но тие се всушност едни од најелегантните штикли кои сме ги виделе досега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

zenskimagazin.mk