На македонската екомонија и се заканува многу полоша иднина дури и од тоа што го предвидува Светската банка во последниот извештај, коментираат домашните експерти. Според нив стопанството е пред провалија и може да падне во рецесија. Ризикот од стагфлација, односно намалување на производството при зголемување на цените е голем, објави АЛФА.МК.
Главното прашање што треба да се направи за да се справиме со овие проблеми, тука мислам дека Владата целосно потфрла, јас тоа стално го кажувам веќе шест месеци наназад. Првата грешка што ја прават е што воопшто не се обидуваат да ја контролираат инфлацијата. Она што мора да го направи Владата е да воведе ценовни контроли, односно да ги замрзне цените на основните прехранбени производи. Второто што мора да го направи е да ги замзрнат цените на нафтените деривати, кои се исто така многу поскапени. Друго што мора да направат е да ги покачат платите на работниците, не можат тие со декрет да ги покачат платите на сите работници, но можат да ги покачат платите во јавниот сектор – тоа што го бара синдикатот веќе пола година и што тие тврдоглаво го одбиваат. Третото што мора да го направат е поголеми државни трансфери, односно социјални трансфери, особено за најсиромашните и најранливите, изјави Бранимир Јовановиќ – Економски истражувач.
За предупредувањето на Светска банка не е изненаден ниту ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини. И тој смета дека не очекува низок економскиот раст кој што ќе биде проследен со висока инфлација
„Ваквото предупредување треба сериозно да се сфати бидејќи рецесијата според последниве економски случувања е се поизвесна“, изјави Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии
Во извештајот на Светската Банка меѓу другото пишува дека инфлацијата достигнува историски нивоа и најмногу ги погодува сиромашните, поради тоа фискалните политики мора да ги таргетираат најранливите категории.
Текстот во целост на: АЛФА.МК.
фото: Архива