Монако, гламурозна и богата држава со луксузни јахти, со невработеност 0 % и просечен животен век од речиси 90 години, на север се граничи со Франција, а нејзиниот јужен дел е на брегот на Средоземното Море, известува Агенција Анадолија (АА).
Државата Монако, по Ватикан е втора најмала земја на светот. Се граничи со Франција, а според уредувањето е кнежевство.
Ова кнежевство, кое во светот се истакнува по својата густа населеност, има богат и разновиден туризам поради кој бројот на посетители секоја година се зголемува.
Во Монако, опкружен со копнени граници со Франција, туризмот е главен извор на приходи. Катедралата на Свети Никола е меѓу најпосетените места за туристите.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).