Македонското стопанство во првото полугодие од 2022 година плаќа осма најскапа струја (слика 1) во Европа според EUROSTAT и Државниот завод за статистика. Невистина е дека владата се грижи за стопанството. Невистина е дека владата им помага на повеќе од 72.000 компании, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во продолжение на објавата Мицкоски додава:
Според Македонскиот завод за статистика, компаниите кои годишно трошат помеѓу 500 и 2.000MWh струја, а тоа се најголемиот дел од оние 72.000 компании за кои владата тврди дека им помага, плаќаат осма најскапа струја во Европа. Имено, според извештајот на Македонскиот завод за статистика тие компании плаќаат 10,391 ден/kwh (слика 2), а тоа е еднакво на 0,16864 ден/kwh или 168,64€/MWh.
Според EUROSTAT во второто полугодие од 2022 година, компаниите во регионот плаќаат многу поефтина струја (слика 3 и 4) од македонските компании:
Србија 89,3 €/MWh
БиХ 71,4 €/MWh
Турција 117,1 €/MWh
Косово 65,9 €/MWh
Хрватска 141 €/MWh
Словенија 143,5 €/MWh
Малку споредба, бидејќи владата на СДСМ сака да се споредува со периодот кога јас бев советник на Претседателот на владата (од април 2015 до јуни/јули 2017 година) и генерален директор на ЕЛЕМ (од септември 2016 до август 2017година) тогаш да ја направиме таа споредба. Имено во првото полугодие од 2017 година македонските компании плаќале четврта најефтина струја во Европа (слика 5) по цена од 69,5 €/MWh, а во првото полугодие од 2022 година осма најскапа струја во Европа по цена од 168,64 €/MWh. За пет години цената на струјата за Македонските компании владата на СДСМ ја зголеми за речиси 2,5 пати.
Економско и енергетско фијаско на владата на СДСМ. Не е време за политика, потребно е знаење, храброст и многу чесна работа. На граѓаните и компаниите им е потребна помош. Секоја затворена компанија подразбира изгубени работни места и семејства во неизвесност. Не е само до кризата, до знаењето е…
извор: ФБ христијан Мицкоски