– Го осудувам отворањето на тој културен центар со такво име, иако го имаат отворено граѓани на нашата држава. Сметам дека тоа е провокација, која никому не му носи добро. Сметам дека отворање културен центар треба да носи име на некој кој зближува, а не на некој кон кој граѓаните во оваа држава имаат негативни чувства, не само Македонците, туку доминанто и Евреите бидејќи знаеме што се има случено со еврејската заедница во нашата држава во Втората светска војна. Треба да се има почит од организаторите на тоа здружение, изјави Ковачевски.
Тоа, како што нагласи, е аспектот на осуда и на провокација. Премиерот смета дека тоа се мали групи кои имаат, како што рече, некакви свои, лични интереси во формирањето клубови со такви имиња.
тв21