(ФОТО) Голема прослава по повод бременоста на Богдана Ражнатовиќ

Боксерот Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ го очекуваат второто дете.

Имено, тие по повод бременоста и откривањето на полот на бебето, организираа веселба во природа, а деталите од местото на настанот завршија на социјалните мрежи.

Сестрата на Богдана, Наташа Родиќ на својот Инстаграм профил покажа како изгелдала декорацијата и самата локација на која се одржуваше прославата.

Балони, табли со пораки, многу храна, но и детали кои исклучиво биле во розово-сина боја.

Со Божја помош за шест месеци ќе дојде Крстан Ражнатовиќ. Им благодарам на Господ и мојата најдобра жена“ – напиша синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ на објавата со која ги откри среќните вести.

Инаку, Вељко и Богдана го имаат синот Жељко, а бидејќи оваа млада двојка неодамна изјави дека има во план да го прошири семејството, оваа вест и не е толку неочекувана.

hashtag.mk