Водата на Дојранското езеро го достигна највисокото скалило по загаденост и се наоѓа во класа 5, покажале истражувањата на екологистите, кои бараат локалните и државните власти да преземат мерки, пренесува Канал 5.
Според микробиолошките анализи, причината за големата загаденост е феноменот познат како на цветање на алгите, кој е последица на лошото менаџирање на слатките води кои што се слеваат во езерото. Решението, според екологистите, е изградба на нова пречистителна станица, бидејќи старата е дотраена и не го постигнува потребниот ефект.
Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, уверува дека редовно ги следат загадувачите и преземаат мерки. И според него, трајно решение е нова пречистителна станица, но за неа општината сама нема доволно пари.
Сегашната прочистителна станица со години наназад работи само со еден блок, потврди и градоначалникот, кој барал пари од државата за да се реши проблемот.
– 70 милиони лани беа префрлени на нашата сметка за заштита на Езерото, бараме нови среднста за санирање на колекторскиот систем, вели Ангов.
Текстот во целост на: Канал 5.
фото: North Macedonia Timeless