(ВИДЕО) Експлозија во станбена зграда во Истанбул, три лица загинаа

0
276

Силна експлозија се случи вечерва во станбена зграда во Истанбул, јавија турските медиуми. Експлозијата во областа Кадикој, предизвикала пожар, пишува весникот „Милијет“.

На терен се повеќе противпожарни возила, како и полиција, а според неофицијални информации три лица загинале. Пожарот е ставен под контрола, а причината за експлозијата се уште не е позната.

видео: TWITTER