Уапсена Теа Таировиќ во Германија, пречекорила три дена во Шенген зоната!

Популарната српска пејачка Теа Таировиќ, која ја  нарекуваат „кралица на бакшишот“, вчера беше уапсена на аеродромот во Германија, а причината за нејзиното притворање наводно е пречекорување на дозволените работни часови во таа земја.

Пејачката  настапила во популарен клуб, и направила добра забава. Ја кренала публиката на нозе со сексапилниот танц и со изведбата на нејзините хитови, па на крајот и публиката запеала заедно со неа.

Пејачката вчера на аеродромот во Германија се нашла во многу незавидна ситуација, кога била уапсена и приведена, но по неколкучасовен притвор била пуштена на слобода.

Пејачката е ослободена по неколкучасовно испрашување, што за медиумите го потврди и нејзиниот менаџер Никола Бојовиќ.

Така е, ја пуштија. Ја приведоа затоа што пречекорила три дена во Шенген зоната. Нејзиниот пасош е полн бидејќи многу патува и работи, поради што процедурата трае подолго. Пред две недели дојде до пропуст, кога ѝ беа истечени 90-те дена. Се слушнавме, таа е добро и сега се е во ред – изјави менаџерот.

 

ubavinaizdravje.mk