Србија има пониска инфлација од 10 земји во ЕУ

0
300

Годишната инфлација во Србија и во јули и во август беше повисока отколку во Европската унија, но беше пониска отколку во десет земји-членки на ЕУ, според најновото издание на билтенот за макроекономски анализи и трендови (МАТ) објавен од Економскиот институт во Белград и Стопанската комора на Србија.

Инфлацијата на годишно ниво во јули и август во Србија изнесува 12,5 отсто и 12,8 отсто, а во Европската унија 9,8 отсто и 10,1 отсто.

Споредено со Србија, повисока годишна инфлација во јули е забележана во Хрватска 12,7 отсто, Словачка 12,8 отсто, Романија 13,0 отсто, Полска 14,2 отсто, Унгарија 14,7 отсто, Бугарија 14,9 отсто, Чешка 17,3 отсто, Литванија , 20,9 отсто, Летонија 21,3 отсто и Естонија 23,2 отсто, пренесува Танјуг.

biznisinfo.mk