Трипуновски: Откупната цена на оризот пониска од производната – владата нема слух за барањата на оризопроизводителите

Денеска орипроизводителите го блокираа патот Кочани -Штип во знак на револт поради ниската откупна цена што е пониска од производната. Тоа значи дека оризопроизводителите не можат да ги покријат основните трошоци за живот.

Оризопроизводителите се разочарани. Ова е потценување на трудот и маката.

Според информациите до сега само 30 проценти се ожнеани од засеаните површини, а во амбарите се уште се останати голем дел и од ланската реколта, напиша на својот ФБ профил Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на објавата Трипуновски додава:

Владата на антимакедонската СДС и Љупчо Николовски ја уништи и оваа култура, немајќи слух за проблемите на оризопроизводотелите истите се принудени нивите да останат непосеани.

Наместо СДС да ги држи истите прес конференции, власта веднаш да се зафати со решавање на проблемите на оризопроизводителите.

На неспособноста и незаинтересираноста од првиот човек на МЗШВ Николовски и владата мора да и се стави крај.

Токму затоа, барам веднаш власта да започнат со измена на Законот кој што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското собрание, односно оризот стане стратешка култура и веднаш преку Агенцијата за стокови резерви да се откупи количина која што се складира за националните резерви.

Ако навистина сака владата да помогне, тогаш веднаш да го прифати предлогот, во спротивно незадоволството ќе расте и ќе се соочат со уште поголем револт.

извор: ФБ Цветан Трипуновски