Кремљ: Путин и Ердоган ќе се состанат на 13 октомври во Астана

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се состанат на 13 октомври во казахстанскиот главен град Астана, јавува Агенција Анадолија (АА).

Песков во рускиот главен град Москва даде изјава за медиумите во врска со актуелните прашања.

Тој рече дека продолжуваат подготовките во врска со средбата на Путин и Ердоган во Астана.

„Средбата ќе се одржи во четврток, а не утре“, додаде тој.

Песков истакна дека на средбата ќе се разговара за украинското прашање, како и за билатерални прашања.

Меѓу другото, Песков се осврна и на плановите на Соединетите Американски Држави (САД) да испратат системи за воздушна одбрана во Украина, и рече: „Тоа ќе го направи конфликтот подолг и поболен за украинската страна. Но, нема да ги менува нашите цели и конечниот резултат.“

Песков истакна дека САД де факто се вклучени во украинското прашање и дека Русија планира ефективно да ги постигне своите цели во врска со Украина.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).