Обединувањето на алабнскта опозиција во заеднички фронт скапо го чинеше Билал Касами. По средбата со Африм Гаши и Изет Меџити на која договорија заеднички да делуваат во процесот на уставни измени и евентуални предвремени избори, од партијата се огради заменикот претседателот Аријанит Хоџа. Од утрово и пратеникот на Бастри Бајрами ја напушти БЕСА. Веќе го известил Собранискиот спикер дека ќе делува како независен пратеник, објави Сител.
На средбата пред два дена во Парламентот Касами, Гаши и Меџити преку опозицискиот блок најавија дека ќе работат заеднички за како што рекоа да ја испратат ДУИ во Опозиција.
Во меѓувреме Меџити кој излезе од партијата на Али Ахмети, преку онлајн платформа бара име за новиот политички субјект, кој според најавата треба да го официјализира на 13 август – денот на потпишувањето на Рамковскиот договор. Тој ги повика граѓаните да ги кажат своите предлози за името како и за слоганот на движењето на онлајн-платформата која ја активираше вчера.