Зелената идеологија нема компромиси…

Превирања во ДОМ. Што се случува по изборите во Демократската Обнова на Македонија-ДОМ? На оваа тема NEWS 1 разговара со генералниот секретар на ДОМ Љупчо Јаневски.

NEWS 1: Кои се случувањата во ДОМ? Дали има одредени превирања?

Љупчо Јаневски: Секоја партија има свои циклуси на развој, раст и зенит кој е вообичаен процес  опфаќајки ги сите структури и треба  да е континуиран. Демократската Обнова на Македонија-ДОМ во неколку наврати во своето постоење буквално се прочистува од кадрите во партијата од оние коишто го ставале својот личен интерес пред интересот на партиските заложби, програмски цели, партиска идеологија и посветеноста. Се стремиме секогаш да понудиме  мал сет на експерти кои професионално ќе работат, влијаат врз подигање на свеста кај граѓаните за животната средина  и работат чесно во македонското политичко сивило.

Тоа се случи и 2015 година кога голем број на кадри по напуштањето на Демократската Обнова на Македонија-ДОМ  од владеачката коалицијата избраа личен пред партиски и  идеолошки интерес. Во мала форма се случува и сега  во делот на кадрите кои се селектираат и предложуваат. Јасниот сигнал за внатрешното зајакнување и реформирање на ДОМ како партија се случи пред повеќе од една година , кога на конгрес на ДОМ се избра ново раковдство, т.е. нов претседател на партијата Маја Морачанин, Генерален Секретар и останати структури кои за овој краток перод постигнаа многу, понекогаш борејќи се како Давид и Голијат. Цврсто сум уверен дека новите кадровски решенија за одредени позиции што сега се понудени од  Демократската Обнова на Македонија во извршната власт се максимално стручни и ќе остават свој професионален белег во остварување на проектите за подобрување на работењето во министерстовот за животна средина и просторно планирање и иницијативи кои ќе влијаат врз зачувување на животната средина и подобрување на состојбата на ова поле.

NEWS 1: Што направи ДОМ во изминатиот период и на што ќе го стави фокусот во наредните 4 години?

Љупчо Јаневски: Благодарение на појаката застапеност во македонското собрание, периодот наназад успеавме да се донесе законот за зеленило, минерални сурвини,  да се слушне гласот на граѓанските организации и да сопреме 87 концесии за минерални истражувања на потенцијални рудници (и рудници во почетна фаза) коишто ќе нанесеа трајна деградација на природната средина, флората и фауната, миграција на населението и негативен белег врз 1/4 на нашата земја. Но, со нашата борба, понудивме решение кое ќе донесе економски бенефит преку развој на органското производство и руралниот туризам,екотуризмот кои постигнаа одлични успеси во изминатите две години  а за тоа ја имаме силнате поддшка на европските зелени што во периодот којшто доаѓа ќе го докажеме тоа.

Затоа, сензитивното бирање на професионалци коишто во своето срце го носат зеленото е од исклучителна важност при кадровските решенија и одредени одлуки не треба да се сфатат лично, туку со заедничка зелена визија да продолжиме понатаму. За исполнување на програмските цели имаме компетентен кадар на сите полиња за кои се залагаме за подобрување на законите, носење на нови европски правилници и оперативно работење се до решавање на проблемите коишто по некогаш затаиле и од локалната власт.

ДОМ ќе продолжи да се залага за спроведување на Агендата 2030 која претставува глобална визија и план за акции што ќе обезбедат здрав, квалитетен и просперитетен живот на граѓаните, заштита на Планетата,  борба против сиромаштијата, безбедна храна и одржливо земјоделство, квалитетно здравство и благосостојба за сите возрасти, квалитетно образование, развој на науката и доживотно учење, родова еднаквост, заштита на водите, квалитетно водоснабдување и пречистување на отпадните води,  чиста и достапна енергија за сите, одржлив економски развој и достоинствени работни места за сите, одржлива индустријализација и поттикнување на иновациите, намалување на разликите помеѓу богатите и сиромашните, одржливи и отпорни градови, одговорна потрошуваччка и производство и развивање на циркуларната економија, акција против климатската криза, заштита на природните живеалишта и на биолошката разновидност, борба против корупцијата, пристап до правда и изградба на институции во кои граѓаните имаат доверба. Приоритети на ДОМ во надворешната политика остануваат на трасата за започнување преговори со Европската унија и натамошно продлабочување на односите со Унијата, поактивна улога во меѓународните организации  како и натамошно развивање на добрососедските односи врз база на заемен интерес и во согласност со потпишаните договори.

NEWS 1: На која идеологија се потпира сега ДОМ како дел од новата коалиција? Кон каде гледате?

Љупчо Јаневски: Политиката за професионално, стурчно и кристално чисти и професионални индивидуи преовладува во кадровските решенија коишто ќе ги понуди ДОМ во идната влада.

Закрепнувањето на светската економија, Европа и РС Македонија треба да биде на зелен начин и токму тоа е препознаено од Владата на РСМ и имплементирано во нејзината програма. Наше е да го донесеме зелениот бран во РС Македонија и со зелените политики да чекориме цврсто кон европското друштво. Зелената иднина е моторот којшто ќе не води во перодот што претстои пред нас и во кој заедно со невладиниот сектор ќе ја црпиме енергијата за да бидеме уште поупорни и истрајни, и покрај големиот број на пречки коишто ќе бидат поставени поради бизнис интереси.

Ова не би било возможно ако не тргнеме од себе за овој зелен бран го пренесеме на многу други околу нас. Промените треба да почнат од себеси имајќи поголем индивидуална, за да очекуваме поголема колективна, општествена одговорност. Ги повикувам сите граѓани да ја прочитаат нашата програма “Иднината е зелена 2020-2024” и доколку можат да помогнат да чекориме заедно кон иднината која нуди можност да биде зелена. Сметам дека низ годините со голем број на погрешни чекори ДОМ ја изгуби довербата од граѓаните па затоа не смееме да дозволиме срамно сечење на зеленилото како во минатото, индустриски постројки со сеуште нерешени или интегрирани дозволи, владеење на правото и правда и уште поголема борба во социјалната сфера, урбаната мафија, еко криминалот како и многу други работи кои бараат посветена работа за да почнеме да градиме мостови на доверба. Менување на изборниот модел  односно една изборна единица и отворени листи за сите да имаме иста можност за демократски натпревар.  Знам дека граѓаните ќе ја прифатат искрено подарената рака за спроведување на зеднички иницијативи на секое поле во општеството. Само со поголема доверба и заслужено искрено партнерство ќе бидеме побројни и повлијателни во Македонската политичка сцена.

Тоа значи поглемо присуство во локалната и извршната власт со коешто ќе добиеме поголемо влијание во поднесување на иницијативи и донесување на одлуки за наше заедничко добро.  Сметам дека сме подготвени да создадеме и водиме прва еколошка општина која ќе биде пример како треба да се развиваат градовите и станат подобро место за живеење. Време е да го замениме делувањето преку социјалните медиуми со реализација на иницијативите, а потоа да споделуваме фотографии од тоа што сме го направиле. Затоа сме си потребни едни на други како никогаш порано заедно да ја градиме зелена иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *