Пецаков: Отворањето на компанијата „Магна Мирорс“ во охридскиот регион е многу значајно за економијата и пазарот на трудот во Охрид

0
328

Денеска заедно со Секретарот на Општина Охрид присуствувавме на официјалното отворање на инвестицијата од канадската компанија „Магна Мирорс“, чиј процес на доаѓање во Охрид започна одамна, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Вредноста на инвестицијата е околу 35 милиони евра, се простира на површина од 17 илјади метри квадратни и бројот на вработени ќе надминува 1000.
Нејзиното отворање во охридскиот регион е многу значајно за економијата и пазарот на трудот во Охрид.
„Магна интернационал“ е канадска компанија со глобално седиште во Онтарио – Канада, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти.
Како Локална самоуправа развиваме добри и партнерски односи со компаниите и во рамки на нашите можности им овозможуваме подобри услови за нивно функционирање со цел да овозможиме што повеќе компании да се отворат во Охрид.

извор: ФБ Кирил Пецаков