(ФОТО) Во Струга одржани Адвокатските спортски игри 2022

Струга беѓе домаќин на овогодинешните „Aдвокатски спортски игри“ на кои адвокатите од различни адвокатски заедници и апелациони подрачја се натпреваруваа во повеќе дисциплини, а на најуспешните екипи и поединци им беа врачени пехари од страна на претседателот на АКРСМ, адвокат Љубомир Михајловски.
Во дисциплината кошарка, и во женскиот и во машкиот табор, победници беа тимовите од адвокатските заедници од Скопје.

Во дисциплината фудбал – мажи, првото место го поделија АЗ Охрид и АЗ Прилеп.

Во куглање најуспешен помеѓу жените беше тимот на  апелационото подрачје Гостивар, додека помеѓу мажите тимот на АЗ Струмица.

Првото место во влечење јаже го понесе АЗ Струга.

Во  дисциплината шах, првото место помеѓу жените го освои адвокатката Златка Денковска од Скопје, а помеѓу мажите адвокатот Виктор Стојановски од Тетово.

Во дициплината пинг понг, пак, првото место помеѓу жените го освои адвокатката Љубица Билбилоска од Тетово, додека помеѓу мажите Владимир Николоски од Гостивар.


За најкорисен играч на игрите или MVP, беше прогласен адвокатот Стојан Велјаноски од Охрид.

На спортските игри кои беа едни од најбројните досега, адвокатите Кирил Анчевски од Скопје, Васко Трпески од Гостивар и Славчо Батковски од Охрид иако се здобија со повреди, во духот на борбеноста и истрајноста останаа да ги бодрат своите колеги до крај.

Претседателот Михајловски кој се обрати на настанот, истакна дека спортските игри ги сплотуваат адвокатите кои во спортот се покажаа како солидарни, борбени, но фер играчи, вредности кои, како што рече, треба да ја водат напред и професијата.