Одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

По втор пат се одложи почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница. Овој пат причина беше тоа што двајца од обвинетите Бобан Вучески и Артан Етени немаа обезбедено адвокати кои ќе ги бранат во процесот. Судијата Јордан Велковски го одложи за 8 ноември во 10 часот.

До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово.  Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово Фљорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Бобан Вучевски за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, додека правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет,  електроинжинер  и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.

 

vecer.com