Османи: Остануваме ангажирани за заштита и промовирање на етничката, културна и јазична посебност на македонците во Албанија

0
262

Министерството за надворешни работи останува во комуникација со македонското малцинство во Албанија за прашања кои ги засегаат Македонците во Голо Брдо, Требиште и Пустец, нагласи министерот Османи по средбата со претставниците на македонските здруженија.

Тој потенцираше дека после посетата ќе подготви информација до Владата, како и акциски план.

Посетата на министерот Османи следи по актуелните тврдења на претставници од македонската заедница во Албанија дека се соочуваат со притисоци да се попишат како Бугари на претстојниот попис, закажан за октомври.

 

telma.mk