Телото на двегодишното момче беше пронајдено денеска во Тара по осумдневна потрага во која беа вклучени сплавари, нуркачи, семејството и пријателите.
Сплаварите го пронашле безживотното тело на детето во делот на реката меѓу Жугиќ Лука и манастирот Свети Архангел.
Потрагата по телото на момчето траеше со денови. Телото на неговата сестра го пронајдоа скипери во Тара во неделата на 9 октомври.
Нивната мајка Јелена Вуковиќ (27) која го управувала автомобилот загинала во сообраќајна несреќа на делот од патот меѓу Сплавиште и Премчански мост на 7 октомври. Таа со своите три деца излетала со својот автомобил во провалија длабока дваесет метри, во коритото на реката Тара.
Веднаш по несреќата спасувачите живо извлекле малолетно дете.
analitikum.mk