(ВИДЕО) Тело на 12 годишно девојче пронајдено во куфер во Париз

0
339

Тело на 12 годишно девојче е пронајдено во куфер во Париз, јавуваат француските медиуми.

Нејзиниот татко се загрижил бидејќи таа не се вратила од училиште, а случајот во полицијата го пријавила мајката на девојчето.

Започната била итна истрага, по што траги на киднапирање биле пронајдени во подрумот од семејниот дом. На видео снимките од надзорните камери се гледа дека жена пред зградата носи куфер, кој подоцна е пронајден неколку улици подалеку. Во куферот било пронајдено телото на девојчето.

Лицето и било прекриено со трака и имала неколку расеченици на грлото. Обдукција ќе биде извршена з да се утврдат точните причини за смртта и повредите на девојчето.

Во притвор се наоѓаат четири лица, меѓу нив е и мажот кој ја повикал полицијата откако го пронашол куферот.

Видео: TWITTER