Тешко повреден малолетник на мотор

0
289

Во саботата околу 15,15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улицата „Седе Костовски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот А.С. од Скопје и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Гостивар, информира МВР.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Гостивар. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

извор: МВР