(ВИДЕО) „Многу сум среќен што положив испит по македонски јазик“ вели британскиот амбасадор Лосон

0
272

Работната недела на британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон, кој неодамна стапи на функцијата, му започна со добивање сертификат за положен испит по македонски јазик, ниво Ц1.

За ова тој се пофали на социјалните мрежи велејќи дека му претставува чест и задоволство да го учи македонскиот јазик.

„Многу сум среќен што положив испит по македонски јазик, Ц1. Ова е доказ од Министерството. Негувајте ги вашите јазик и вашата култура“,

вели Лосон во видеопорака зборувајќи на македонски јазик.

360stepeni.mk