Изминативе три дена нови 80 случаи на Ковид

0
268

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 14.10 до 16.10.2022):

Направени се 953 тест, а регистрирани се 80 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 60, Прилеп – 8, Куманово – 5, Битола, Тетово и Охрид – по 2, Македонски Брод – 1.

Од вкупниот број на позитивни (80), регистрирани се 18 реинфекции.

Регистриран e 118 оздравен пациент од: Скопје – 87, Битола – 5, Куманово, Велес и Охрид – по 4, Прилеп – 3, Тетово и Кавадарци – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Ресен, Берово, Кратово и Крушево – по 1

Во текот на изминатите 3 дена (14.10 – 18.10.2022) пријавени се две  починати лица од Скопје(80г) и Гостивар(70г). Двете лица се починати во болнички услови.

 

МЗ