Енрике Иглесијас се откажа од наследството на татко му, вредно 800 милиони евра

0
277

Пејачот Енрике Иглесијас се откажува од семејното наследство, пишуваат шпанските медиуми.

Шпанскиот заводник е син на легендарниот пејач Хулио Иглесијас, но тие не се во добри односи со години.

„Нивниот однос никогаш не беше совршен, тие не комуницираат со години, дури ни преку телефон. Енрике има чувство дека ја создаде својата кариера без татковата помош“, пишува „Ел Насионал“.

Поради тоа, Енрике одлучил да се откаже од семејното наследство на кое има право како едно од осумте деца на Хулио. Со оглед на тоа што богатството на Енрике, според одредени проценки, изнесува околу 100 милиони евра, ова наследство и не му е толку потребно.

Сепак, се проценува дека богатството на Хулио изнесува околу 800 милиони евра, па Енрике како негов син ќе требаше да наследи дури 100 милиони евра.

Хулио Иглесијас го заработи своето богатство благодарение на успешната музичка кариера, но и со инвестирање во недвижен имот во Доминиканската Република. Тој е сопственик на куќи во Мајами и на Бахамите, има приватен авион вреден 45 милиони евра, бренд на вотка, винарска визба, ресторани, колекција автомобили, акции во козметички компании итн.

 

slobodenpecat.mk