САД: Уметниците на традиционалниот фестивал на тиква создадоа магија со помош на осветлување

Во долината на реката Хадсон во Њујорк, Соединетите Американски Држави, започна традиционалниот фестивал „Големиот Џек О’Лентерн Блајз“, а на него се изложени повеќе од 7.000 рачно изрезбани, осветлени тикви изложени пред Ноќта на вештерките, што се одбележува на 31 октомври, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во прашање е дело на професионални уметници, а многу посетители уживаа во нивните неверојатни креации.

Се проценува дека од 2005 година повеќе од два милиони луѓе го посетиле овој фестивал кој моментално се одржува на две локации во Њујорк.

извор:Агенција Анадолија (АА).
фото:Агенција Анадолија (АА).