Ценам дека тој кој ги споменува имињата на фирмите нема авторизација да ги споменува имињата на контактите и постапил неетички, но имам намера да ја кажам вистината. Вистината е дека компанијата која е позиција поврзана за снабдување со гас на Македонија и нејзини претставници присуствуваа на средба со претставници од Македонија, од Владата, поранешно ЕЛЕМ, денес ЕСМ и на таа средба била понудена цена која е најмалку два пати помала од таа по која што купуваше АД ЕСМ за месец октомври, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на Македонската телевизија прашан за тоа кои контакти ги понудил со цел снабдување на енергенси за да тече грејната сезона.
Според Мицкоски во Европа тоа е предмет на еден договор кој го потпишуваат компаниите кои се занимаваат со тоа. Оттука АД ЕСМ до компанијата испратила договор до компанијата за да може потоа да се потпише од АД ЕСМ.
„Тоа го направила компанијата денеска и договорот е доставен до АД ЕСМ. Го повикувам АД ЕСМ да го среди тоа и да им заштеди на граѓаните неколку стотици милиони евра“, рече Мицкоски.
Што се однесува до позицијата со мазутот, рече тој, најодговорно тврдам, состанокот се одржа на 9 октомври во министеството за економија, претставници беа на позицијата, потоа претставник на компанијата која сега снабдува со мазут и ги контактирал тие кои се позиција и од нив побарал понуда за 150 илјади тони мазут.
„Цената која ја добиле бидејќи добив авторизација можам да ја кажам е цена берзанска минус 40 евра по тон, што би значело заштеда од најмалку 80-90 евра по тон од таа што државата ја плаќа“, укажа Мицкоски.
На Владата е, додаде Мицкоски, дали ќе ги искористат контактите кои ги обезбедив за снабдување на драстично поевтини енергенси или ќе продолжат да крадат.
„На нив е дали Македонија же има пдржлива енергетска слика“, рече Мицкоски.
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: ВМРО ДПМНЕ