Шведскиот парламент го избра лидерот на партијата „Умерени“, Улф Кристерсон, за нов премиер, јавува Агенција Анадолија (АА).
За Кристерсон гласаа вкупно 176 пратеници на Риксдаг, а против беа 173 пратеници.
Тој ќе предводи трипартиска коалициска влада, а освен неговата партија, во владата ќе учествуваат и демохристијани и либерали.
Десничарскиот блок освои тесно мнозинство на минатомесечните избори во однос на владејачките социјалдемократи и левичарскиот блок, обезбедувајќи 176 места во 349-члениот Парламент.
Екстремно десничарските шведски демократи нема да бидат дел од владата, но Кристерсон на прес-конференција минатата недела рече дека „тесно ќе соработува со шведските демократи“.
извор:Агенција Анадолија (АА).