More

    Прекината е евакуацијата на цивилите од Мариопол, рута за евакуација не е безбедна

    Властите во Мариопол одлучија да ја запрат евакуацијата на цивилите од градот поради руското гранатирање.

    Заменик-градоначалникот на Мариопол Серхи Орлов за Би-Би-Си  изјави дека Мариупол е под постојано гранатирање, исто како и самата рута за евакуација.

    „Не е безбедно да се оди по тој пат поради борбите“, рече тој.

    Градскиот совет на Мариупол објави одложувањето на евакуацијата од градот.

    Во објава на Телеграм, Советот информира дека полицијата користи мегафони за да ги информира жителите за најновите информации за евакуацијата и нејзиното одложување.Во објавата се вели дека во моментов се водат преговори со Русија за воспоставување на прекин на огнот и обезбедување на безбеден хуманитарен коридор надвор од градот.

    Претходно, и Украина и Русија соопштија дека е договорен привремен прекин на огнот околу градовите Мариопол и Волноваха.

     

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img