Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Бараме вонредна седница на Советот на Град Скопје, ќе доставиме одлука за префрлање на средства на ЈСП и приватните превозници, нема да дозволиме Скопје да остане без јавен превоз

Очигледно дека власта на СДС и ДУИ потонаа во медарството на Данела Арсовска. Од многу заедничко медарање скопјани може да останат без јавен превоз. Ете така изгледа кога коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ кохабитираат за Скопје, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Во соопштението додаваат:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неспособното и неодговорно однесување на владата, град Скопје, градоначалничката и раководството на ЈСП да ги остави граѓаните, студентите, учениците, пензионерите без јавен превоз и како советничка група бараме итна вонредна седница за спас на јавниот превоз, каде ќе доставиме одлука за префрлање средства на ЈСП и приватните превозници.

 

извор:Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје