(ФОТО) Наша чудесна Македонија во која некој „дебело“ профитира – споредете цени на кашкавал, млеко, пелети кај нас и во Белгија и Германија

Цените на производите постојано растат, а револтот кај граѓаните од ден на ден се  поголем. Граѓаните секојдневно пишуваат на социјалните мрежи и се сомневаат дека некој на дебело профитира со цените кај нас, а притоа државата воопшто не води грижа.

Во Белгија 0.4 кг кашкавал се продава за 2 евра, млеко за 0,85 евра, а вреќа пелети за 3,99.

И не само во Белгија, туку и во Германија и во останатите земји од ЕУ цените на продуктите не можат да се споредат со оние во Македонија.

Млекото во Германија и покрај инфлацијата од  моментов чини околу едно евро и 10 центи, односно 66 денари.

Цената на путерот во Германија изнесува 2,29 евра, односно 142 денари, додека едно „киндер јајце“ чини 85 центи, т.е. 53 денари.

Сично е и со овошјето и со зеленчукот.

 

извор: ФБ Кристина Ампева

фото: ФБ Кристина Ампева