Се плашев да признам дека сум геј оти татко ми беше неонацист и хомофоб, откри Кевин Спејси на судењето во Њујорк

0
299

Холивудскиот глумец Кевин Спејси додека сведочеше за недолично сексуално однесување, се присети на своето понижувачко и застрашувачко воспитување оти вели, бил син на бел расист и хомофоб. На судењето, Спејси откри досега непознати детали од своето детство, при што го опиша татко му Томас Фаулер како пропаднат писател, неонацист, антисемитист и хомофоб.

„Никогаш досега не сум зборел јавно за ова. Пораснав во многу сложена семејна динамика. Бев вербално понижуван од татко ми кога му кажував за својот сон да станам актер и бев принуден да ги слушам негови долги расистички и фанатични лекции. Токму расистичките и хомофобични ставови на татко ми долго време ме спречуваа јавно да се изјаснам како хомосексуалец“, кажа Спејси, кој првпат призна дека е геј откако Ентони Рап го обвини за сексуален напад во 2017 година.

Постариот брат на Спејси, Рендал, во едно интервју откри дека Фаулер ги злоставувал сите свои тројца синови и дека немале шанса за нормално детство.

Двократниот оскаровец сега е на судење во Њујорк, бидејќи актерот Ентони Рап го обвини за сексуален напад. Тој бара отштета од 40 милиони долари од Спејси. Според тврдењето на Рап, нападот наводно се случил на забава во Менхетн во 1986 година, кога тој имал 14 години.

 

 

info.mk