Додека владата и Данела Арсовска си ја префрлаат топката кој е виновен, скопјани страдаат. Денес штрајкот во ЈСП е последица на двојната неспособност на владата и на Данела Арсовска, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Нивната коалиција се гледа и во гласањето во градот Скопје, каде СДС, дел од крилото на ДУИ беа против итноста на седница каде ќе се префрлат пари за вработените во ЈСП. Против тоа беше и неспособната медарка Данела Арсовска.
Тендер коалицијата Арсовска СДСМ го упропастуваат градот.
Навистина е жално што трпи град од 600 илјади жители.
Жално е што гледаме како претпријатие по претпријатие нешто што со години е градено оди во неповрат.
извор: ВМРО ДПМНЕ