Арсовска: Оставка треба да си поднесат одговорните за управување со ЈСП

0
216

Градоначалничката Данела Арсовска не смета дека треба да си поднесе оставка, откако Скопје денеска за првпат во својата историја остана без јавен превоз. Во одговор до „Сакам да кажам“ на прашањето дали ќе си поднесе оставка од фунцкијата бидејќи граѓаните ги остави без автобуси и тие денеска не можеа да стигнат на работните места, болните на прегледи, учениците во школо, студентите на факлултет итн, Арсовска утрово вината ја префрли кон партијата со чија поддршка победи на локалните избори минатата година – ВМРО-ДПМНЕ, односно управниот одбор на ЈСП Скопје.

-Оставка треба да си поднесат одговорните за управување со ЈСП, односно Управниот одбор на претпријатието изгласан од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Арсовска.

извор: „Сакам да кажам